недела, 19 мај 2024
Овој проблем се повторува долго време

ЕВН вечерва пак го остави Долно Лисиче во мрак, пред неколку дена таму 26 часа немаше струја

Жителите на Долно Лисиче вечерва повторно се во мрак и се оставени без електрична енергија. Пред само неколку дена ова место беше без струја 26 часа. Изјавите тогаш беа дека се работи за голем дефект, а истото објаснување од бројот 0890 8 88 88 на ЕВН го добивме и вечерва. Пред неколку дена струја немаше во Долно Лисиче, Јурумлери, Трубарево и во делови од Хиподром и Маџари, а вечерва, како што бевме известени, освен Долно Лисиче, струја нема и во дел од Драчево. Екипи на ЕВН се на терен, но никој не знае кога жителите ќе добијат повторно струја. Жителите на Долно Лисиче долг период мака мачат со прекини во електричната енергија, кои често знаат да траат со часови.

Објавено на

часот

Сподели

Најави за прекини во снабдувањето со електрична енергија од ЕВН има и за утре.

Жителите на Долно Лисиче се револтирани бидејќи многу често немаат струја, а објаснувањата се или има дефекти или се прави тековно менување на кабли.

Проблем е и што по исклучувањето на струјата често таа по неколку пати се пали и гаси, па страдаат апаратите за домаќинство. Инаку жителите на ова место се редовни плаќачи на сметките за струја. Многу често струја немаат и во зимските денови кога добиваат објаснување дека тоа се случува поради преголема оптовареност од грејните тела. Но, проблемот се јавува и сега, во период кога нема студови и температурите се повисоки.

Намалена јачина на струја жителите на Долно Лисиче имаат и во недела кога граѓаните се дома и повеќе се користат апаратите за домаќинство.

Редакцијата на МКД.мк очекува и во текот на утрешниот ден ќе побара официјално објаснување од ЕВН зошто често жителите на ова место немаат струја и дали овој проблем ќе се реши, бидејќи допис за проблемите со електричното напојување во Долно Лисиче преку мејл нашата редакција испрати уште минатата година кога го известивме ЕВН за проблемите на овие луѓе.

К.Д. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ