четврток, 30 мај 2024

Долно Лисиче 17 часа е без струја, ЕВН прво санираше дефект, па денес менуваат кабли

Жителите на скопско Долно Лисиче до овој момент повеќе од 15 часа се оставени без електрична енергија, а најавата за денес е дека струја ќе нема до 15 часот. Откако вчера нешто по 14 часот Долно Лисиче остана без електрично напојување заедно со Јурумлери, Трубарево и делови од Маџари и Хиподром, денес агонијата на жителите продолжи повторно по 9 часот кога ЕВН пак ја исклучија струјата. Вчера, како што добивме известување струја 11 часа немало поради дефект на далековод кој екипите го санирале еден час по полноќ, а утрово струјата била исклучена поради тековно менување на кабли. За тековните работења и исклучување на струјата со часови жителите не добиваат претходни известувања.

Објавено на

часот

Сподели

Жителите се револтирани и велат дека во период кога температурите паднаа и жителите на Скопје добија парно, тиа вчера останаа од 14 часот без струја, а со тоа и без греење, бидејќи не можат да вклучат клими, греалки, а ниту парното на дрва, бидејќи и тоа работи со уреди со пумпи кои фунционираат на струја.

Струја освен во домовите нема и во подрачното училиште „Гоце Делчев“, во амбулантата, аптека, маркетите…

Жителите на ова место се редовни плаќачи, а проблеми со струјата имаат многу често во текот на зимите. Овој период ЕВН често ја исклучува електричната енергија поради промена на каблите, како што објаснуваат поради санација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ