недела, 19 мај 2024
Од ЕВН тврдат дека се работи за голем дефект

Во мрак Долно Лисиче, Трубарево, Јурумлери, Маџари и Хиподром, немаат струја повеќе од 6 часа

Вечерва во мрак се Долно Лисиче, Трубарево, Јурумлери, како и делови од Маџари и Хиподром, кои останаа повеќе од 6 часа без струја. На овие места имаше краткотраен дожд, а од ЕВН велат дека се работи на отстранување на дефектот и дека не знаат уште колку долго жителите на овие места ќе останат без струја. Ова не е прв пат овие места со часови да немаат електрична енергија, бидејќи далековод на кој се поврзани овие населени места од општина Гази Баба многу често има проблем. Инаку се работи за места со жители кои се редовни плаќачи на сметките за струја.

Инаку

Објавено на

часот

Сподели

Жителите се револтирани и велат дека во период кога температурите паднаа и жителите на Скопје денес добија парно, тиа останаа од 14 часот без струја, а со тоа и без греење, бидејќи не можат да вклучат клими, греалки, а ниту парното на дрва, бидејќи и тоа работи со уреди со пумпи кои фунционираат на струја.

Денес големо невреме на овие места немаше, а струјата беше исклучена веднаш по првиот дожд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ