Евгениј Поп Ацев влезе во друштво на најдобрите во историјата на маратонското пливање. Тој е горд на ова признание кое е голема привилегија да се добие.
„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.