„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција“, се наведува во соопштението од ЕУ.
Претходно, и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку социјалната мрежа Х порача дека Македонија треба да продолжи со пристапувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Урсула фон дер Лајен.