понеделник, 24 февруари 2025

ЕУ воведува нови ограничувања, кофеинот означен како штетен за луѓето

Како што се наведува во новиот извештај на Европската Унија, кофеинот може да има бројни штетни ефекти.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија во регулативата со која се забранува употребата на кофеинот како пестицид, објави дека кафето е штетно за луѓето, пренесува Телеграф.

Како што е објаснето, постојат научни докази кои ги поткрепуваат тврдењата дека „кофеинот е штетен за луѓето доколку се проголта“. Во извештајот се вели дека кофеинот, главната состојка во кафето, може да има штетни ефекти врз срцето, хидратацијата и температурата на телото, како и да предизвика анксиозност и проблеми со спиењето.

Исто така, се додава дека се потребни повеќе истражувања за да се открие дали кофеинот претставува ризик за луѓето кои работат со него или живеат во близина на местото каде што се обработува.

Извештајот беше објавен за да се поддржи одлуката за забрана на употребата на кофеин за убивање полжави на полињата со зелка и компири. Сепак, содржината на оваа објава предизвика загриженост дека прописите еден ден би можеле да го загрозат пиењето кафе, една од главните карактеристики на европскиот начин на живот.

Андерс Вистисен, дански пратеник во Европскиот парламент и член на Патриоти за Европа, изјави: „Повеќе несакани и непотребни одлуки и ново мешање на бирократите од Брисел. До што води сето ова? Дали навистина ќе нѐ принудат да пиеме кафе без кофеин? Ова станува смешно. Никој не мисли дека пушењето и вискито се добри за вас, но тие додаваат задоволство во животот на многу луѓе“, додаде тој.

Вистисен рече дека најновиот извештај потсетува на обидот на Брисел да ги забрани ролатите со цимет. Имено, едно данско пециво морало да се прекласифицира како „традиционална“ храна за да се избегне ограничување на ЕУ поврзано со кумарин, соединение во циметот кое е токсично во големи дози.

„Пред неколку години, ЕУ сакаше да го забрани циметот во данските колачи и синдикатот на пекарите мораше да се бори за тоа. Би било многу поудобно за секого доколку многу од овие прашања се препушти на национална надлежност и личен избор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ