вторник, 4 февруари 2025

ЕУ треба да си ги гледа своите интереси, рече Фон дер Лаен за заканите на Трамп

Европа треба да дејствува помудро во светот што стана потежок, вклучително и во Трамповите САД, и да дејствува во свој интерес, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа треба да се соочи со светот онаков каков што е“, за да носи одлуки врз основа на пресметана проценка на нејзините интереси, без емоции или носталгија за светот од минатото, рече Фон дер Лаен во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

Таа истакна дека на некои „можеби не им се допаѓа оваа нова, посурова реалност, заснована на давање и земање“.

Откако Трамп го потресе светот со заканите за царини, вклучително и кон ЕУ, и ја зголеми можноста за анексија на данскиот остров Гренланд, Фон дер Лаен рече дека „нема сомнеж дека ќе мора да се вклучиме во тешки преговори, меѓу другите и со долгогодишните партнери“, што е алузија на САД.

Лидерите на ЕУ на состанокот во Брисел во понеделникот го предупредија Трамп дека се подготвени да реагираат доколку тој воведе царини за увоз на нивните стоки во САД, а Фон дер Лаен денеска предупреди дека трговската војна „нема да биде во ничиј интерес“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ