Советот на ЕУ, тело што ги претставува земјите-членки, „постигна договор за обезбедување финансиска помош за Украина“, се наведува во соопштението.
Заемот во износ до 35 милијарди евра мора да го одобри Европскиот парламент, но 27 земји од ЕУ пристапија кон забрзана процедура, која треба да ги овозможи првите исплати уште во почетокот на 2025 година.
Руските средства во вредност од повеќе од 200 милијарди евра се замрзнати во ЕУ откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, окупирајќи околу 17 отсто од нејзината територија.
Околу 90 отсто од замрзнатите средства се во Белгија.