Американскиот претседател Доналд Трамп кажа вчера дека денес ќе ги објави новите царини од 25 отсто на целиот увоз на алуминиум и челик во Соединетите Американски Држави, кои би биле дополнување на постоечките царини на металите.
Трамп, зборувајќи со новинарите на претседателскиот авион Ер форс уан, кажа и дека реципрочните царини ќе ги објави утре или во среда, и тие речиси веднаш ќе стапат на сила. Не идентификуваше земји, но кажа дека царините ќе се воведат како еднаков третман со другите земји.
На прашањето дали Франција и ЕУ ќе одговорат, Баро кажа: „Нормално. Трамп тоа веќе го направи во 2018 и ние одговоривме. Ќе одговориме повторно“. Додаде дека Европската комисија ќе одлучи кои сектори ќе бидат погодени од одговорот.
Европската комисија е „спремна да го повлече орозот кога за тоа ќе дојде време. Сега дојде тоа време. Во ничиј интерес не е да почне трговска војна во Европската Унија“, кажа тој.