Тоа ги одразува ставовите на арапските земји, но е во спротивност со целта на американскиот претседател Доналд Трамп Соединетите Американски Држави да го преземат разурнатото крајбрежје и да го претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, а жителите на Газа би биле протерани во други држави.
ЕУ, која е една од најголемите донатори на помош на Палестинците, ќе им го изнесе својот став на израелските функционери на разговорите во Брисел на 24 февруари во рамки на Советот за придружување ЕУ-Израел, прва таква средба од 2022 година.
Документот кој го изнесува нацрт ставот на ЕУ ја истакнува и посветеноста на Европа на безбедноста на Израел и нејзиниот став дека „раселените жители на Газа треба да имаат обезбедено сигурно и достоинствено враќање во своите домови во Газа“.
„ЕУ активно ќе придонесе на координираниот меѓународен напор за рано опоравување и обнова на Газа“, се наведува во документот, со повик за целосен хуманитарен пристап.
„ЕУ длабоко жали за неприфатливиот број цивилни жртви, особено жени и деца, кои го изгубија животот, и поради катастрофалната хуманитарна ситуација, особено предизвикана од недоволниот влез на помош во Газа, особено на северот“.
Повеќе од 48.000 луѓе се убиени во Газа од страна на израелската војска, според податоците на палестинските власти. Хуманитарните агенции наведуваат дека поголемиот дел од енклавата е разурнат, а повеќето од 2,3 милиони жители се раселени“.
„ЕУ силно се противи на сите акции кои ја поткопуваат одржливоста на решението за две држави“, се додава во документот.