понеделник, 30 декември 2024

Естонската премиерка: Рускиот имот треба да се заплени пред американските избори

Каја Калас, премиерката на Естонија, рече дека Западот треба да ги заплени руските замрзнати средства пред изборите во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изборите се секогаш турбулентни времиња“, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. „Секогаш е подобро да направиме сè што можеме пред важни избори“, додаде таа.

Вашингтон врши притисок врз своите сојузници да најдат начини да запленат 260 милијарди евра средства на руската централна банка, кои беа замрзнати како одговор на руската инвазија на Украина пред речиси две години. Околу 191 милијарда евра од имотот на Москва се чуваат во Еуроклир, депозитар за хартии од вредност со седиште во Брисел.

Естонија долго време се залага за заплена на средствата. Но, Париз и Берлин се претпазливи поради загриженоста за законитоста, финансиската стабилност и можната одмазда.

Калас истакна дека конфискацијата на руските средства ќе биде дополнителна алатка која може, заедно со воената помош за Украина и чекорите за политичка изолација на Русија, да помогне да се стави крај на војната. „Ова е економскиот притисок што можеме да го извршиме врз руската економија за да се забрза пресвртната точка на оваа војна“.

Минатата година, ЕУ во Хаг формираше Регистар за штети за евидентирање на докази и барања за штети, загуби или повреди предизвикани на поединци, компании и на украинската држава од руската инвазија. Калас рече дека замрзнатите средства може да се искористат за покривање на тие загуби: „Ако остане нешто, можеме да ѝ го вратиме тоа на Русија“, рече таа.

Калас проговори за ФТ пет дена откако Русија издаде потерница по неа, што е првпат Кремљ да поднесе кривична пријава против западен лидер откако ја започна својата инвазија на Украина.

Овој потег очигледно е поврзан со напорите на естонската влада да ги отстрани спомениците од советската ера. „Путин сака да испрати порака дека Естонија е всушност руска територија и дека тој има јурисдикција над нас“, рече таа за ФТ. „Тоа е империјалистички начин на размислување“.

Таа го поврза потегот на Русија против неа, кој предизвика „многу честитки и поздрави“, со смртта на Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер, во руски затвор.

„Целта е да ме исплашат мене и западните земји да се воздржиме од одлуките што инаку би ги донеле“, рече таа.

Таа рече дека не е шокирана од смртта на Навални. „Путин го мачеше долго време“, рече таа. „Тоа е прирачник што секогаш го имаат – прирачник за диктатори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ