На седницата била донесена одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.
„Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800 мегаватна гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300 мегаватна гасно – водородна централа Битола. Задолжено е ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на овие проекти согласно Законот за стратешки инвестиции“, информираат од Владата.