Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели:
„Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт.
Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни.
Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско.
Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување.
Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.