четврток, 26 декември 2024

Еруптираше вулканот Лаки-Лаки, вжештени камења исфрли на околните села, најмалку девет мртви

Најмалку девет лица загинаа по ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-Лаки во источна Индонезија, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот Лаки-Лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени камења. Властите во Индонезија го подигнаа статусот на опасност на вулканот на највисоко ниво.

„По ерупцијата дојде и до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд придружен со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот“, изјави за Ројтерс Хади Виџаја, портпарол на тамошниот Центар за вулканологија.

Ерупцијата на вулканот зафати седум околни села, чии жители беа евакуирани, но девет од нив го загубија животот, според досегашните информации. Огнена лава и вжештени камења ги погодија селата кои се оддалечени и до четири километри од кратерот.

Селата најблиску до планината Левотоби се целосно покриени со вулканска пепел, а властите потоа решија да ги евакуираат и жителите на селата кои се оддалечени десет или повеќе километри од кратерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ