Властите евакуираа речиси 4.000 жители од рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна на островот Рејкјанес.
„Предупредување: ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница. На снимките и во директните преноси на локалната новинска агенција РУВ се гледа како излегува лава.
WATCH: Volcano erupts in Iceland, lava shooting into the air from fissure extending 2.5 miles (4 km) pic.twitter.com/M93QePO4wK
— BNO News (@BNONews) December 19, 2023
Ерупцијата се случила на околу четири километри од рибарскиот град Гриндавик и недалеку од електраната Сварценги. Вулканолозите првично стравуваа дека ерупцијата претставува значителна закана и за градот и за геотермалната централа, но подоцнежните проценки покажаа дека ситуацијата не е толку страшна како што се претпоставувало претходно.
?The volcano erupted after several weeks of earthquake activity near #Grindavik, #Iceland.
It is estimated to be about 3 km long. The government of Iceland reassures that the volcanic eruption does not pose a threat to life. pic.twitter.com/Id4f5F4apE
— KyivPost (@KyivPost) December 19, 2023
„Оваа ерупција е поголема од претходните во Рејкјанес“, изјави вулканологот Магнус Гудмундсон за Њујорк Тајмс. Во текот на изминатиот месец, исландските власти градеа одбранбени ѕидови околу електраната за да ја заштитат од тековите на лава.
Во ноември, властите рекоа дека градат голем насип дизајниран да ги пренасочи тековите на лава околу геотермалната централа Сварценги, која се наоѓа на нешто повеќе од 6 километри од Гриндавик.
An eruption has begun near the evacuated town of Grindavík. Our priorities remain to protect lives and infrastructure. Civil Defence has closed off the affected area. We now wait to see what the forces of nature have in store. We are prepared and remain vigilant.
? @Vedurstofan pic.twitter.com/yKx4WKU61c— President of Iceland (@PresidentISL) December 19, 2023
„Приоритет на владата е заштита на животот и инфраструктурата“, рече исландскиот претседател Гудни Т. Јоханесон по вулканската ерупција.
„Цивилната заштита го затвори погоденото подрачје. Сега чекаме да видиме што ни подготвуваат силите на природата. Подготвени сме и претпазливи“, објави исландскиот претседател на социјалната мрежа Икс.