сабота, 19 октомври 2024

Ерменија пристапи во Меѓународниот кривичен суд, Русија се налути

Кремљ денеска ја оцени како погрешна одлуката на Ерменија, историскиот сојузник на Москва, да го ратификува своето членство во Меѓународниот кривичен суд (МКС), телото кое издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин.

Објавено на

часот

Сподели

„Не веруваме дека пристапувањето на Ерменија кон Римскиот статут е исправно од гледна точка на билатералните односи. Сè уште веруваме дека тоа е погрешна одлука“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Во последните месеци односите меѓу Москва и Ереван значително се влошија поради поразот на ерменските бунтовници во борбата против Азербејџан во Нагорно Карабах, па Песков оцени дека на Ерменија не ѝ преостанува ништо подобро од сојуз со Москва.

Кремљ соопшти дека ја сметал Ерменија за сојузник, но дека сега не постапува така.

Ерменија е членка на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ЦСТО), воена алијанса предводена од Русија која вклучува неколку поранешни советски републики. Русија е исто така главен снабдувач со оружје на Ерменија и таму има воена база.

Ерменскиот парламент денеска го ратификуваше пристапувањето кон МКС по брзите дискусии за овој проект. Пролетта МКС издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин поради депортирање на украински деца во Русија, што значи дека сите земји под јурисдикција на МКС ќе мора да го уапсат доколку стапне на нивна територија.

Москва ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд. „Сметаме дека одлуката на МКС во врска со претседателот Путин е незаконска и неважечка“, изјави денеска Песков повторно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ