недела, 22 декември 2024

Ерменија: Азербејџан сака тотална војна

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска го обвини Азербејџан дека сака „тотална војна“ со Ерменија, два дена по новите судири на границата меѓу двете кавкаски земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите анализи покажуваат дека Азербејџан сака да започне воени операции во некои области долж границата со изгледи за воена ескалација што би се претворила во тотална војна против Ерменија“, рече Пашинјан на состанок на владата.

Ерменија и Азербејџан завчера се обвинија меѓусебно дека пукале на границата меѓу двете земји, во близина на Неркин Ханд на југоистокот на Ерменија. Според Ереван, во инцидентот загинале четворица ерменски војници.

„Азербејџан спроведува политика ‘дајте ми сè што сакам преку преговори или ќе земам сè по воен пат’“, рече Пашинјан, обвинувајќи го Баку дека не сака безбедност и стабилност во регионот.

Ереван се сомнева дека Азербејџан има нови територијални претензии откако во септември минатата година, по три децении, го освои Нагорно-Карабах за кој се водени две големи војни.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера повтори дека неговата земја не планира експанзија. „Немаме територијални претензии кон Ерменија. И тие мора да се откажат од своите претензии. Уцената скапо ќе ги чини“, рече тој.

„Нема да има мировен договор додека Ерменија не се откаже од своите претензии кон Азербејџан“, додаде тој. Ереван тврди дека Азербејџан сака контрола над ерменскиот регион Сјуник за да ја поврзе азербејџанската енклава Нахичеван со остатокот од Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ