Ердоган се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај, а подоцна и со премиерот Еди Рама. По средбата на највисоките функционери на двете земји беа потпишани договори за јакнење на соработката во земјоделството и образованието.
Турција е стратегиски партнер на Албанија и еден од нејзините најголеми инвеститори кои придонесуваат во инфраструктурата и други сектори. Ердоган кажа дека двете земји треба да тежнеат на удвојување на својата годишна трговија на две милијарди евра.
Тој најави дека неговата земја ќе даде неодреден број беспилотни летала за јакнење на воените капацитети на Албанија. На брифингот по состанокот Рама кажа дека турската најава за воени беспилотни летала испраќа „многу јасна порака дека Албанија не може да биде нападната“.
The Grand Mosque of Tirana was first envisioned in the 1920s but consecutive Albanian governments prevented its construction for nearly 100 years, while allowing the Catholic and Orthodox communities to build large places of worship. Today it was opened! pic.twitter.com/LDViVc87OC
— Elis Gjevori (@Elis_Gj) October 10, 2024
Изградбата на новата џамија почна во 2015, а околу 30 милиони евра се од турската државна муслиманска организација Дијанет. Џамијата е довршена пред повеќе од една година, но отворањето беше одложено поради загриженоста на Ердоган од влијанието на организацијата ФЕТО, која Турција ја смета за терористичка.
Турција тврди дека ФЕТО и нејзиниот лидер пребеган во САД Фетула Ѓулен го оркестрирале неуспешниот пуч во Турција на 15 јули 2016, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети. Ѓулен негира каква било вмешаност.
Според договорите постигнати со локалната албанска муслиманска заедница, турската организација Дијанет ќе има претставник во управниот одбор на џамијата.
🇦🇱🇹🇷 Turkish President Erdogan, along with Albanian PM Edi Rama, inaugurated the Turkish funded Great Mosque of Tirana. pic.twitter.com/VxllptWF37
— kos_data (@kos_data) October 10, 2024
Освен четирите минариња, новата џамија има централна купола од 30 метри и капацитет за 8.000 луѓе. Се наоѓа на парцела од 10.000 квадратни метри во близина на албанскиот парламент.
Местото се наоѓа во близина на знаменити католички и православни катедрали. Сунитските муслимани сочинуваат речиси 46 отсто од населението на Албанија, а муслиманите бекташи уште 5 отсто. Католици има 8 отсто, а православни 7 отсто, според пописот од 2023 година.