среда, 4 декември 2024

Ердоган во телефонски разговор со Путин ја повикал сириската влада на политички дијалог

Сириската влада би требало да се вклучи во политички дијалог поради актуелниот конфликт со „бунтовниците“, кажал денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган повикал на „создавање простор за дипломатија“ во регионот и истакнал дека сирискиот режим би требало да се вклучи во „процес на политичко решение“, според кабинетот на турскиот претседател.

„Турција ќе ја продолжи борбата против забранетата Работничка партија на Курдистан и нејзините сојузници“, кажал Ердоган, предупредувајќи на создавање поголема нестабилност во Сирија.

Минатата недела терористички сојуз, предводен од исламистичката група Хаја Тахрир ал Шам, тесно поврзан со Исламска држава, почна ненадејна офанзива во северозападна Сирија и влезе во градот Алепо, што доведе до повторно разгорување на граѓанската војна која трае од 2011 година.

Терористите поддржани од Турција во меѓувреме зазедоа подрачја на северозападот од курдските милиции, кои Анкара ги смета за сојузници на ПКК.

Русија е клучен сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ