сабота, 28 декември 2024

Ердоган: Турција ќе ја обезбедува сигурноста надвор од своите јужни граници од 2025 година

Турција ќе ја обезбедува сигурноста надвор од своите јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани кои доаѓаат од тие региони почнувајќи од 2025 година, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почнувајќи од 2025 година, ќе ја обезбедуваме сигурноста надвор од нашите јужни граници, особено во однос на тероризмот, и ќе ги елиминираме заканите што доаѓаат од тие региони“, рече тој на конгресот на својата владејачка Партија на правдата и развојот (АК) во провинцијата Баликесир.

Говорејќи за падот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, Ердоган рече дека Турција „ги поддржала братските врски“, им помогнала на ранливите, „и уште еднаш излезе како победник“, пренесува агенцијата Анадолија. „Го положивме тестот на хуманоста со високи оценки“, заклучи Ердоган.

Од падот на режимот на Асад, Турција изврши неколку напади против курдските милитанти во Сирија, вклучително и членовите на Народните одбранбени единици (ЈПГ), кои ги смета за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК). ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја прогласија за терористичка организација, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во тој конфликт досега се убиени 40.000 луѓе, наведува Ројтерс.

Анкара неодамна инсистираше на тоа дека ЈПГ мора да се распушти, тврдејќи дека групата нема место во иднината на Сирија. Анкара рутински спроведува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, а операциите што ги спроведува денес се дел од тековните судири меѓу фракциите кои ги поддржува Турција во Сирија и ЈПГ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ