„Приоритетот на Турција е во зачувувањето на мирот надвор од нејзините граници, како и во заштитата на цивилите“, рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.
Тој ја истакна важноста на „единството, стабилноста и територијалниот интегритет“ на Сирија, додавајќи дека Турција „по ова прашање е на иста страна како Ирак“.
Ердоган истакна дека Анкара, „во согласност со својата национална безбедност и интереси, презеде и ќе преземе чекори за да ја спречи терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои сакаат да имаат корист од развојот на настаните“, се додава во соопштението од канцеларијата на турскиот претседател.
Судирите во Сирија избија на 27 ноември меѓу силите на претседателот Башар ал Асад и антирежимските вооружени групи во западниот дел на Алепо на северот од земјата, што означи повторна ескалација на борбите по периодот на релативно затишје во граѓанската војна што ја зафати Сирија во 2011 година, објави турската новинска агенција.