сабота, 27 јули 2024

Ердоган го претстави турскиот борбен авион од петтата генерација (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Авионот, кој треба да ја замени застарената флота американски авиони Ф-16, досега беше познат како ТАИ ТФ-Икс, а го разви Турската воздухопловна индустрија (ТАИ).

Проектот на авионот од петтата генерација почна о 2016 година, а прототипот, завршен во март, беше претставен на настанот „Век на иднината“ во Анкара, во организација на ТАИ, на кој присуствуваше и Ердоган.

Турскиот претседател кажа дека Турција благодарение на ова летало ќе биде една од само петте земји во светот кои произведуваат борбени авиони од петтата генерација.

Авионот има два мотори и може да развие мах 1,8, а ги има најсовремените системи, вклучувајќи ги тие за нишанење, ниска радарска видливост, затворен оддел за оружје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ