Со евалуација на вредноста од 574,5 милијарди долари, Епл го задржа водството над другите компании кое го имаше и претходната година, кога беше проценета вредност од 516,5 милијарди долари.
Интересно е што првите пет компании доаѓаат од Соединетите Американски Држави, а американските компании доминираат и со целосната листа.
Вредноста на сите американски компании сочинува повеќе од 50 отсто од вкупната вредност на компаниите на оваа престижна листа.
Во првите пет, покрај Епл, е Мајкрософт со вредност од 461 милијарда долари, Гугл со 412,9 милијарди, Амазон со 356,3 милијарди и Волмарт со 137,1 милијарда, кој ја презема петтата позиција од корејски Самсунг со 110,5 милијарди долари вредностт.
Топ десетте ги пополнуваат кинески Тикток со вредност од 105,7 милијарди долари, Фејсбук со 91,4 милијарди, Енвидија со 87,8 милијарди, и кинеската државна компанија за електродистрибуција со 85,6 милијарди.
Интересно е што Енвидија, во однос на минатата година, скокна на деветтото место од 30 место, а нивната евалуација е речиси дуплирана, од 44 на 87,8 милијарди.