„Л’Екип“ пишува дека Емирот од Катар и францускиот претседател Макрон ќе се обидат да го предомислат Мбапе и да го убедат дека тој треба да остане во ПСЖ.
Емирот од Катар утре е во посета на Франција, а таа ќе ја искористи и да му достави нова понуда на Мбапе.
Минатиот пат им успеа, Мбапе беше пред заминување, но го предомислија. Очекувањата се дека овојпат таа мисија ќе биде многу потешка, речиси невозможна.