петок, 18 октомври 2024

Еминем нов лик во „Фортнајт“

Објавено на

часот

Сподели

„Виртуелниот Еминем“ ќе биде достапен во три верзии, со костимите „Rap Boy“, „Slim Shady“ и „Marshall Never More“. Според досегашните податоци, познатиот рапер ќе има и настап на настанот под наслов „Биг бенг“ (‘Големата експлозија’, ‘The Big Bang’), планиран за 2 декември, со којшто „Епик гејмс“ ќе го одбележи големото финале на четвртата сезона.

Настанот е најавен како најголемото ажурирање на „Фортнајт“ досега, во поглед на големината на датотеките.

Видеоиграта доживува повторна врвна слава, со огромен број играчи – во просек дури 44 милиони на ден. Инаку, следно околу „Фортнајт“ е поглавјето пет, што треба да биде претставено на 2 декември. На „Х“ се појави и концептна мапа наречена „Соларија“. Концептот е, всушност во облик на визуелни примери од веќе славното минато на „Фортнајт“.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ