понеделник, 3 февруари 2025

Емануел Макрон: Ако економските интереси ѝ се загрозени, Европа ќе мора да обезбеди другите да ја почитуваат

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа ќе мора да обезбеди другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси. Тој реагираше на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увезените стоки од ЕУ, пренесоа француските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако нè нападнат во однос на трговијата, Европа – како вистинска сила – ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат и затоа да реагира“, рече тој по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на одбраната, пренесува Гардијан.

Макрон додаде дека неодамнешните изјави од САД ја охрабруваат Европа да биде посилна и пообединета, наведува Ројтерс.

„Како што ковид и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува… со одлуките и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја охрабрува ЕУ да биде пообединета и поактивна во одговорот на прашањата за колективна безбедност“, заклучи претседателот на Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ