Елмас слета во Милано од каде што се упати кон Торино за да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
„Подготвен сум да започнам. Поздрав до навивачите“, беа првите зборови на Елмас. На прашањето дали веќе разговарал со тренерот Паоло Ваноли, тој одговори: „Сè уште не“.
Елмас ќе потпише на позајмица во Торино до крајот на сезоната со опција целосно да биде откупен за 17 милиони евра.
View this post on Instagram