понеделник, 28 октомври 2024

Елмас првпат беше стартер за Лајпциг, Баерн Минхен му даде осум гола на Мајнц (ВИДЕО)

Елиф Елмас првпат беше стартер на еден меч за Лајпциг, но играше само во првото полувреме, неговиот тим славеше со 2-0, Баерн Минхен со фантастични 8-1 го совлада Маинц, Хари Кејн постигна хет-трик.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас конечно доби шанса да стартува на еден меч за Лајпциг, но повторно не помина многу долго на теренот. Иако беше еден од најдобрите, тренерот Росе одлучи да го извади на полувремето.

Елмас беше активен во играта, имаше и шанси за гол, доби солидна оценка за тоа што го одигра.

На негово место во игра влезе Баумгартнер и веднаш даде гол за конечни 2-0. Првиот погодок на Лајпциг на овој натпревар беше автогол на Ашервуд.

Некои сметаа дека победата над Лацио во Лигата на шампионите може да биде најава за подобра завршница на Баерн Минхен во сезоната, ако се суди според денешниот дуел со Маинц, токму тоа се случува.

Баерн Минхен денеска одигра брилијантен натпревар и го совлада Маинц со 8-1.

Три од погодоците беа дело на Хари Кејн, два постигна Горецка, по еден реализираа Милер, Мусиала и Гнабри.

И покрај убедливиот триумф, сепак предноста на Баер Леверкузен е премногу висока на врвот, за Баварците да можат да се надеваат на трофејот од Бундеслигата.

Менхенгладбах и Келн одиграа нерешено 3-3, а Аугсбруг со 1-0 го совлада Хајденхајм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ