Елмас во јануари пристигна на позајмица во Торино од Лајпциг, има и опција за откуп за 17 милиони евра.
Во разговор со клупскиот канал на Торино, Елмас откри дека пред да потпише се советувал со Пандев.
„Дојдов во клуб со прекрасни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвицитек ои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.