Лајпциг загуби со убедливи 5-2 на гостувањето кај Штутгарт, Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од мечот. Полека се зголемува минутажата на македонскиот фудбалер, но уште е далеку од посакуваното.
Шешко и Опенда ги постигнаа головите за Лајпциг, за Штугарт хет-трик постигна Ундав, по еднаш погодија Милот и Левелинг.
Ова беше трет пораз по ред за Лајпциг.
Баерн Минхен со 3-2 славеше на гостувањето кај Аугсбург. Павловиќ, Дејвис и Кејн ги постигнаа головите за Баварците. Демировиќ ги даде двата за Аугсбург.