четврток, 26 декември 2024

„Елмас беше еден од клучните играчи на Наполи, сега пола Европа го бара“

Објавено на

часот

Сподели

Елмас досега оваа сезона играше на 42 меча од вкупно 43 во сите натпреварување, на сите им е јасно дека тој имаше значајна улога иако често влегуваше од клупата. Новинарот Марко Контеиро од „Туто Меркато Веб“ има посебни пофалби за македонскиот фудбалер.

„Македонецот е џокер пар екселанс на Спалети, зашто го гледавме како фудбалер за врска, како офанзивен фудбалер за врска, како крило, еднаш и центарфор… И секојпат тој успеваше да ги надмине очекувањата, посебно во делот на постојаност и во настапите. Неговата последна асистенција за голот на Распадори против Јувентус ја покажа сета негова разновидност и неговата вистинска вредност.

Елмас заслужи постојано да игра, а летово ќе биде важно пред него, зашто сѐ повеќе ја добива важноста на шаховската табла на Наполи, но јасно е дека не може постојано да биде алтернатива. Природно е да го земе местото на Пјотр Зиелински, како наследник зашто не ја знаеме иднината на Полјакот, но веќе постојат најави дека пола Европа и најголемите во Серија А ќе сакаат да го земат Елмас. Елиф отсекогаш велел дека сака да игра за Наполи, за тимот на лидерите Спалети и Ди Лоренцо“, пишува Марко Контеиро.

Понуди за Елмас несомнено ќе има, но Наполи веројатно ќе сака да го задржи, па сигурно нема лесно да се откаже од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ