четврток, 31 октомври 2024

Елези: Кога игра Македонија, резултатот секогаш е важен

Македонскиот репрезентативец, Агон Елези вели дека иако мечевите против Молдавија и Црна Гора се пријателски, резултатот е важен.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во Анталија се подготвува за престојните пријателски мечеви против Молдавија (22. март) и Црна Гора (25. март).

„Секогаш кога се игра за Македонија не само играта, туку и резултатот е многу важен, иако се работи за контролни натпревари. Тоа ќе ни даде дополнителен импулс и зголемување на самодовербата за следните натпревари“, вели Елези.

„Се надевам и очекувам да ја задржиме позитивната атмосфера од последниот собир. Двата меча се одлична подготовка за предизвиците кои ни следуваат. Молдавија и Црна Гора се одлични селекции, ние имаме нова генерација и ни требаат вакви натпревари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ