понеделник, 30 декември 2024

Еквадор се откажа од испораката на воена опрема од советската ера за Украина

Еквадорските власти најавија дека ќе се откажат од претходно ветената испорака на оружје од советско време за Украина, преку САД, поради големото незадоволство на Русија, која одговори со забрана на увоз на еквадорски банани.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Еквадор нема да испрати никаков воен материјал во земја вклучена во меѓународен вооружен конфликт“, соопштија доцна синоќа локалните власти.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа во јануари изјави дека се договорил со Вашингтон да ја замени старата руска воена опрема со ново оружје од американско производство за борба против бандите кои шверцуваат дрога.

Американските власти тогаш изјавија дека оружјето што го разменува Еквадор „потоа ќе биде испратено во Украина за да ѝ помогне на бојното поле против Русија“.

Тој договор предизвика незадоволство во Москва. Русија, еден од главните купувачи на банани од Еквадор, веднаш објави забрана за увоз на банани од пет еквадорски компании, под изговор за присуство на инсекти штетници.

Слична мерка беше воведена и за еквадорското цвеќе што се извезува во Русија.

Москва подоцна ја смени мерката.

Русија е втора дестинација за еквадорските банани, со 21 отсто од вкупниот извоз, веднаш зад Европската унија (28 отсто), објави претходно Здружението на извозници на банани на Еквадор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ