петок, 18 октомври 2024

„Екстра круг“ – нова самостојна изложба на Петра Јовановска

Објавено на

часот

Сподели

Самостојната изложба почнува во 20 часот, а ќе биде пропратена и  целодневен уметнички перформанс/работилница,  целодневно создавање на ликовни дела, кое ќе се реализира на зелениот покрив на Домот на културата.

Петра Јовановска долг период од своето ликовно творештво го анализира кругот, како еден симболичен геометриски облик. За неа ликовниот израз се темели не само на симбиличното и карактеристичното значење на овој геометриски облик, туку главната намера е кон ликовното делување према синтеза на ликовниот говор и истражувачки пристап на ликовните дела како уметничка креација. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Кругот за Петра Јовановска е симбол и воедно и творечка и животна филозофија. Како еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска бесконечни.

Петра Јовановска е родена 1972 година во Чешка, има завршено ФЛУ во Скопје. До сега реализирала 58 самостојни изложби (Франција, Словенија, Германија, Хрватска, Полска, Р.Чешка). Јовановска учествувала во над 350 групни изложби, учесник е на голем број ликовни колонии, симпозиуми, добитник на бројни награди и организатор на меѓународни изложби.

Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје / Град Скопје.

Изложбата е во организација на самостојната ликовна уметница Петра Јовановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ