четврток, 19 декември 2024

Експресно брзо одобрени 95 милиони денари за снимање на филм за Тоше Проески

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вели дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

Објавено на

часот

Сподели

„Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства“, истакна Андоновски во утринското гостување на МТВ

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

„Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните две години, прво во подготовката, во снимањето, ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона – ангел чувар на македонската нација”, заклучи Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ