среда, 19 февруари 2025

Експлозија во тунел во Вајоминг, има загинати (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, многумина останаа заробени по несреќа во тунел што доведе до експлозија во градот Грин Ривер, Вајоминг.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Неколку возила, меѓу кои трактор и камион, биле вклучени во верижен судир, по што дошло до експлозија која траела околу 30 минути, пишува британски Мирор.

Според соопштението на властите, тунелот може да се урне во секој момент, па спасувачките екипи имаат проблем да пристапат до местото на несреќата.

Началникот на полицијата на округот Свитвотер, Џејсон Мауер, изјави дека во моментов се преземаат сите заштитни мерки на местото на несреќата, но дека поради опасните услови и структурните оштетувања во тунелот, не е можно понатамошно дејствување.

Засега се потврдени две жртви, најмалку седум лица се повредени и пренесени во болница. Геолозите и инженерите во моментов ја проценуваат инфраструктурата на тунелот.

Несреќата се случила околу пладне по локално време, пожарот предизвикал огромни штети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ