понеделник, 3 февруари 2025

Експлозија во станбена зграда во Москва, еден загинат, четворица повредени (ВИДЕО)

Денес се случи експлозија во станбена зграда во Москва, објавија голем број руски медиуми и канали на Телеграм.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на каналот База, во еден од влезовите на станбен комплекс на улицата Авијаконаја се активирала импровизирана експлозивна направа. Канал 112 објави дека причина за експлозијата била граната.

Државната новинска агенција ТАСС соопшти дека едно лице загинало, а четворица се повредени во експлозијата. Руските власти покренаа истрага за утврдување на околностите на инцидентот, пренесува рускиот портал Медуза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ