Најмалку една од експлозиите кои се случиле денес била во близина на погреб организиран од Хезболах за убиените од претходниот ден кога илјадници пејџери на припадниците на Хезболах експлодираа низ Либан. Притоа загинаа 12 луѓе, а илјадници се повредени.
Групата поддржана од Иран соопшти денес дека нападнала израелски артилериски позиции во првиот удар на својот најголем непријател откако пејџерите со експлозив ранија илјадници нејзини членови во Либан, зголемувајќи го ризикот од поголема војна на Блискиот Исток.
Израелската разузнавачка агенција Мосад, која има долга историја на терористички операции на странско тло, поставила експлозив во пејџерите кои ги купиле припадници на Хезболах неколку месеци пред вчерашните детонации, кажале за Ројтерс висок либански безбедносен извор и уште еден извор.
Бројот на мртви се качи на 12, вклучувајќи две деца, кажа денес либанскиот министер за здравство Фирас Абиад. Во вчерашниот напад се ранети речиси 3.000 луѓе, вклучувајќи бројни борци на милитантната група и иранскиот амбасадор во Бејрут.