среда, 23 октомври 2024

Бектеши доби кривична пријава, праќал командувачки пораки до началник во СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривично дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор. Станува збор за кривичното дело попречување на правда. Бектеши испраќал пораки до началник во СВР Охрид во кој им укажувал дека претерале со преземање на одредени активности.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело попречување на правдата. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ