МВР денеска соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 2 март 2021 година до 23 септември 2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година.
„Со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината. На тој начин пријавениот Б.Ш. нанел штета на буџетот на општината и ги сторил кривичните дела“, се појаснува во соопштението од МВР.