среда, 4 декември 2024

ЕХФ го казни Пелистер поради расизам на мечот со Фредериција

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер ќе треба да плати казна од 6.000 евра поради расистички навреди за време на мечот против Фредериција кој се одигра пред две недели во Битола во рамките од 8. коло во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ соопшти дека Еурофарм Пелистер е казнет поради расистички навреди од страна на навивачите кон гостински ракометари. Името на ракометарот не е споменат, но неофицијално станува збор за Кубанецот Рение Табоада кој пред неколку сезони настапуваше токму за Пелистер.

Казната од 6.000 евра вклучува и условна компонента – 1.000 евра ќе бидат активирани само доколку во следните две години клубот повторно се најде во слична ситуација.

ЕХФ потврди дека оваа санкција е дел од нивната политика на „нулта толеранција“ кон расизмот и несоодветното однесување.

Клубот има право да поднесе жалба пред Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена од донесувањето на одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ