Изборот на членови на Судски совет е една од темите кои се дискутираа на денешната стручна средба, а кога ќе се сумираат крајните мислења и предлози ќе се формираат измените и дополнувањата на законот.
„На оваа дебата се сумираат сите мислења, предлози токму од оние кои најдиректно се засегнати од имплементација на законот кој ја регулира нивната работа. Судскиот совет целта за која е основан е всушност независност и стручност на целокупниот систем. Тоа е телото кое ги регулира сите текови во однос на судските постапки. Токму од овде тргнуваме со стручни дебати во сите апелациони подрачја и со стручната јавност за да можеме да изготвиме едно сеопфатно решение кое ќе биде имплеметирано и ќе допринесе да бидат надминати сите аномалии“, вели Ефтимов.
Според него, вистинска кочница во моментот е неприменувањето на одредбите на законот. Тој додава дека потребно е имплементација на одредбите на позитивните законски прописи. Стручни средби ќе се реализираат и во апелациските подрачја во Гостивар и Скопје.
За Ефтимов, оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е политички маневар и политички фолклор, бидејќидоаѓа на неколку дена од истекување на нејзиниот мандат.
„Во однос на ова можам само да констатирам дека потегот, којшто го направи е добар во насока дека конечно се одважија да бидат пример. Сите оние коишто се инволвирани и во највисоките судски инстанци и во правосудниот систем ќе сносат одговорност доколку не постапуваат согласно позитивните законски прописи, односно ако истата постапуваше со темпото, динамиката којашто сакаше да ја воспостави врз основа на заклучок од колегиум да го продолжи мандатот истата ќе навлезеше во прекршување на позитивните законски прописи, конкретно на Кривичниот законик од член 353, со тоа што истата ќе направеше кривично дело и истата ќе имаше индивидуална одговорност“, вели Ефтимов.
Посочи дека допрва следува воспоставување на правда во државата и сите кои се носители на највисоките инстанци во правосудниот систем треба да знаат дека ќе имаат индивидуална и кривична одговорност за секоја нивна лична постапка, којашто ќе ја преземат.
Прашан за обвинувањата на Дамева дека извршната власт се меша во работата на судската власт, Ефитомов со одговор дека на сите им е јасно и тоа не само на оние кои се во извршната власт, туку и на сите релевантни домашни и меѓународни организации, како и на експертите дека не функционира судската власт, а конкретно Судскиот совет.
„Во однос на изјавите коишто повеќе ги имаше политички, отколку стручни како претседател на Судскиот совет повеќе се држеше на политички тези во однос на тоа дека достигнувањата во нејзиниот мандат на Судскиот совет биле на незавидно ниво, сите знаеме дека имаме нефункционален Судски совет којшто работи под капата на одредени поголеми структури, коишто имаат влијание врз нив, не станува збор за никаков притисок, туку за барање на правда и отчетност и воспоставување на владеење на правото во правосудството и Република Македонија“, изјави Ефтимов.