Рокот за пријавување на тендерот за избор на универзален снабдувач на електрична енергија завршува на 12 јануари.
Во условот за работен капитал од 40 милиони евра екпсертите препознаваат тенденција на Владата да фаворизира една компанија за атрактивниот тендер за универзален снабдувач.
„Целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавни набавки, во вакви повици дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот. Оттаму, нашиот интерес единствено се однесува за правилна примена на материјалното право при спроведувањето на повикот“, се вели во дописот на ЕДС.
Најавата на ЕДС за многу пониска и поконкурентна маржа при учеството на јавниот повик за универзален снабдувач на електична енергија за следните пет години ги предизвика другите компании учесници на овој тендер да се обидат да го ограничат учеството на грчката компанија.
Досега, покрај постоечиот универзален снабдувач ЕВН Хоум, учество не тендерот најавија и други компании.
Годинава истекува петгодишниот договор со ЕВН Хоум како универзален снабдувач на електрична енергија со маржа од 11, 5%. Оној кој ќе биде избран за универзален снабдувач ќе ја преземе улогата во јуни. Пониската маржа ќе значи и пониска цена на струјата за граѓаните и за малите потрошувачи.