четврток, 24 октомври 2024

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на Хупекс берзата – 96,80 евра, на МЕМО 96,26 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на Хупекс (HUPX) берзата во Унгарија за 5 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 96,80  евра/мегават час, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 96,26 евра/мегават час.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 часот – Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 101,81 евра за мегават час, а на MEMO 98,61 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 31,63 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 34,60 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ