Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 часот, Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 12,81 евра за мегават час, а на MEMO 78,01 евра.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 30,86 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32,52 евра.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.