четврток, 24 октомври 2024

ЕДС ги демантира шпекулациите за тендерот за универзален снабдувач

Класични шпекулации се наводните информации дека нашата компанија побарала измени во условите од јавниот повик за универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, велат од раководството на ЕДС. Според менаџерите на оваа компанија овие шпекулации се дел од валканите игри за нивна дискредитација по најавата дека се подготвени да понудат далеку пониска маржа од сегашната, што пак ќе значи и пониска цена за електрична енергија за граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Рокот за пријавување на овој тендер е 12 јануари.

„Не е точна информацијата дека сме барале какви било измени во условите на повикот. ЕДС планира да учествува на повикот, и планира да се натпреварува со исклучително конкурентна понуда, односно значително намалена маржа, што би резултирало со пониски сметки за крајните корисници. Поради правните ограничувања, не сме во можност да ја споделиме содржината на нашата жалба до комисијата, но можеме да споделиме дека во основа таа се однесува на можноста повикот да биде незаконски ограничувачки, односно да го наруши принципот на слободна пазарна конкуренција, особено во делот на активата на компаниите. Како што ѝ е познато на јавноста, целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра, и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавните набавки, во вакви повици, дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот. Оттаму, нашиот интерес единствено се однесува за правилна примена на материјалното право при спроведувањето на повикот. Сите правила на пазарната економија велат дека конкуренцијата во која било област конечно носи поволности за крајните потрошувачи, па така, исклучивоста или ограничувањето на конкуренцијата во овој повик, или погрешната примена на законските прописи, само би ја ограничило здравата конкуренција, спротивно на стандардите на ЕУ, а со тоа би спречила намалување на цената на електричната енергија за крајните корисници“, се наведува во дописот на ЕДС до јавноста.

Јавниот повик за универзален снабдувач за електрична енергија се објави на 11 декември, а ќе трае до 12 јануари. Досега на повикот интерес пројавија 5-6 фирми, а условите се построги во однос на претходниот повик објавен пред пет години после кој ЕВН хоум  стана универзален снабдувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ