Според билтенот на МВР, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т. излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.