петок, 26 јули 2024

Еден загинат и двајца повредени е епилогот на вчерашната сообраќајка на патот Штип – Велес

Во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Велес загина В.П. (66) од Свети Николе. Неговата сопруга, Б.П. (61), според последните информации на МВР, е пренесена на клиниката во Скопје бидејќи има скршеници на рбетот и карлицата.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајката беше повреден и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата со другото возило.

Од болницата во Велес за МИА изјавија дека В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба. На неговата сопруга ѝ е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.
На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница.

Несреќата се случи вчера околу 18 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила сузуки со светиниколски и бмв со радовишки регистерски таблички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ