четврток, 31 октомври 2024

Еден возач „дувнал“ во дрегерот 2.02 промили алкохол

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на ноќта, од 22 до 4 часот, на територијата на СВР Тетово биле регистрирани 12 пијани возачи од кои 10 управувале возило со тетовски таблички, додека двајца со гостиварски. Кај еден од вазачите, како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, биле измерени 2 промили алкохол во организмот, односно во крвта.

Јосифовски вели дека сите овие возачи биле веднаш исклучени од сообраќајот, а на 8 возачи времено им се одземени и нивните возачки дозволи.

„.Покрај тоа, изготвени им се и поднесоци и прекршителите ќе се соочат со парични глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност.Санкционирани се и 23 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-15 и ГВ-8). СВР Тетово апелира до возачите да избегнуваат консумирање алкохол, зашто ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Ова, дотолку повеќе што во полн ек е сезона на свадбени и други свечености и секоја чашка алкохол плус може да биде фатална“, ни изјави портпаролот Јосифовски.

МВР соопшти дека на територијата на СВР Битола во периодот од 22 до 4 часот биле регистрирани 24 возачи кои биле во алкохолизирана состојба.

„За време на контролата биле санкционирани и 28 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила“, велат од МВР..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ