Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.
„Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје“, вели Панајотова.
Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, а повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден.